ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Охрид со победа над српска Јагодина ги започна контролните натпревари

Второлигашот Охрид со победа над српска Јагодина од 2:0 ги започна контролните натпревари во зимскиот подготвителен период.
Стрелци на головите беа Александар Целески и Дамјан Божиновски.
За Охрид ова беше првиот контролен натпревар, а следниот го игра на 30. јануари против прволигашот Пелистер од Битола.