РакометРакомет - Суперлига

Охрид со голема победа над Пролет

Ракометарите на Охрид ја запишаа првата победа во плеј-офот од Супер лигата, откако во Скопје беа подобри од Пролет со 26:28.

Првиот дел од натпреварот беше доста неизвесен, се играше гол за гол и водството се менуваше и кај двете страни. Сепак, гостите од Охрид на пауза заминаа со четири разлика при 10:14.

Во второто полувреме Охрид тргна одлично и имаше водство од шест разлика кога резултатот беше 14:20. Домашната екипа заигра подобро и започна да го намалува водството на охриѓани. Во самиот финиш од натпреварот Охрид имаше водство од 26:27, а Тот постигна гол за конечни 26:28.

Кај Пролет најдобар беше Никола Потиќ со осум погодоци, додека кај Охрид најдобар беше Денис Тот со десет погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!