ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид со голем триумф над Велешта, Дрита го доби Тетекс

Охрид на домашен терен забележа значајна победа откако со минимални 1:0 славеше над Велешта. Стрелец на единствениот победнички погодок беше Цветаноски Дарко постигнат во 10. минута од натпреварот. Охриѓани со денешниот триумф избија на второто место на табелата кое преку баражот носи во Прва лига.

Минилна, но голема победа за Дрита која на домашен терен со 1:0 славеше над Тетекс во дербито за опстанок во Втората лига – Запад. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 27 минута, а стрелец на истиот беше Алији Елмир.

Лидерот Скопје со 1:2 славеше над Кораби во Дебар. Гостинот дојде прв до водство откако Кировски Христијан во 11. минута од натпреварот ја погоди противничката мрежа за 0:1. Во 37. минута судијата Ѓоргиев покажа на белата точка за домашната екипа, одговорноста ја презеде Муча Бљерон кој успешно реализираше за 1:1. Во вториот дел Ѓоргиев покажа пвоторно на белата точка овој пат за гостите, одговорноста ја презеде Јанакиевски Иво кој успешно реализираше за конечните 1:2 во 82. минута.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Гостивар на домашен терен ремизираше со Велазерими играјќи 1:1. Гостите од Кичево стигнаа први до водство откако Тодоровски Дарко постигна гол во 72. минута за 0:1. Во судиското надополнување Гостивар се спаси од пораз со голот на Велиу Артан за конечни 1:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!