ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид со голем триумф над Детонит Плачковица, Караорман носи три бода од Гевгелија

Денес се комплетираше 6. коло од Втората македонска фудбалска лига, откако беа одиграни двата одложени натпревари во Охрид и Гевгелија.

Охрид забележа многу важна победа во тешкиот дуел со Детонит Плачковица од Радовиш, откако на „Билјанини Извори“ со 2:0 триумфираше и со тоа стигна до третото сезонско славје. Охриѓани одиграа одличен меч, а Детонит Плачковица го одиграа можеби и најслабиот натпревар во тековната сезона, секако на целата игра влијание имаше исклучување на Дарко Алексовски, кој во 31. минута од мечот заработи директен црвен картон поради удирање со лакт противнички играч.

Охрид резултатот го отвори во 19. минута од мечот преку Мартин Нически, кој успешно ја смести топката во мрежата на Димитар Ѓоргиев. Откако во 31. минута Алексовски го напушти теренот поради директен црвен картон, четата на Горан Здравков остана без играч помалку.

Две минути по исклучувањето на Алексовски, Охрид стигна до водство од 2:0, откако Ѓоргиев капитулираше по втор пат, а стрелец на голот беше Александар Ѓорѓиески.

ФОТО: Спортска Мрежа

На стартот од второто полувреме радовишани започнаа со притисок за брз гол и со тоа да се вратат во трка барем за поделба на „пленот“. Сепак, по неколкуте одлични шанси, реализација немаше. На спротивната страна, Охрид постигна гол, но истиот беше пониште поради офсајд, па резултатот од првиот дел стана конечен (2:0).

Кожуф на домашен терен го забележа четвртиот сезонски пораз, откако загуби од Караорман со резултат од 0:2. Резултатот во вториот дел го отвори Сашо Шопоски водство на стружани во 59. минута. Надежта за евентуален бод за домашниот тим ја сруши Ники Зумровски во 74. минута, откако си постигна автогол со што ги постави конечните 0:2. Во 78. минута гостинскиот голман Антонио Столевски одбрани пенал при водство 0:2 за стружани.

Денешните победи на Охрид и Караорман се одлична најава за големото „езерско дерби“ кое се игра веќе в недела, кога двете екипи кои ја делат седмата позиција со по 10 бодови директно ќе се судрат.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!