Охрид со голем бод против Вардар, Воска Спорт и Беса со сигурни победи, Гостивар го изненади Силекс

Охрид пролетната полусезона ја отвара со реми против Вардар играјќи 0:0 со што охриѓани обезбедија голем бод во битката за директен опстанок. Вардарци кикснаа на „Билјанини Извори“ и прават чекор назад кога е во прашање борбата за обезбедување место во Првата лига.
Беса со убедливи 3:1 ја декласираше Велешта со што се покажа дека засилувањата се полн погодок. Трите бодови за екипата од Добри Дол се многу важни во битката за опстанок. За домашните стрелаа Лутфи Биљали, Флорент Османи и Малуќ Белули, а пак за гостите единствениот погодок го постина НИкола Миткоски во 85. минута.
Тетекс забележа сигурена победа од 2:0 на домашен терен над Кораби и направи сериозен исчекор за опстанок во Втората лига. „Штофарите“ преку Давид Спасовски во 29. минута го отворија резултатот за водство од 1:0 на полувреме. Во финишот на мечот Агон Емлази ги постави конечните 2:0.
Воска Спорт очекувано триумфираше над „фенерџијата“ Кадино. Резултатот беше отворен со автоголот на Кристијан Карафиловски во 14. минута од мечот, а во 37. минута Изаир Емини ги постави конечните 0:2.
Силекс по втор пат не можеше да го совлада Гостивар откако на домашен терен во Кратово ремизираше играјќи 1:1. Домаќините први дојдоа до водство со голот на Благоја СПиркоски во 30. минута, а гостите преку новото засилување Стојанчо Велинов дојдоа до 1:1 четири минути подоцна.
