ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид се засили со Амар Колашинац

Второлигашот Охрид за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига – Запад престави уште едно засилување. Денес во дресот на Охрид позираше Амар Колашинац.

Младиот играч го задолжи дресот на Охрид кој веќе утре ќе ја стартува новата сезона на домашен терен против Беса.

Минатата сезона Охрид одигра солидно и финишираше на второто место, додека пак во баражот со Ренова, немаше среќа во пенал-рулетот. Инаку, во новата сезона ќе гледаме и градско дерби меѓу екипата на Охрид и Воска Спорт која е новајлија во Втората лига – Запад.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!