ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид промовираше четири нови засилување и го затвори зимскиот преоден рок

Второлигашот Охрид денес промовираше четири нови засилувања со кои го затвара зимскиот преодек рок.

Повратници во клубот се 21-годишниот Стефан Петрушевски кој меѓу „рибарите“ доаѓа од Велешта, како и 21-годишниот Љубчо Илијески.

Нови имиња во Охрид се и Атдхе Мазари и Дамјан Божиновски.

19-годишниот Мазари доаѓа од струшкиот прволигаш Струга Трим Лум и ќе биде големо засилување за Охрид во пролетната полусезона од Втората лига – Запад, додека Божиновски кој исто така има 19 години доаѓа од третолигашот Илинден.

Охрид пролетната полусезона ја отвара на домашен терен против Кораб од Дебар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!