ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид продолжува да гази, Саса и Кожуф до важни бодови, Воска се „сопна“, Вардар убедлив во Виница

Денес беа одиграни натпреварите од 11. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Лидерот Вардар со убедливи 0:3 ја доби Слога во Виница и го запиша деветиот сезонски триумф.

“Вардарци” одиграа уште еден одличен меч и запишаа значајна победа на патот кон враќање во ПМФЛ.

Резултатот на полувреме беше 0:2, па дилемите околу трите бодови беа речиси решени уште во првиот дел. Јанески уште во 2. минута ја отвори Слога, а Мицевски во 43-та погоди на двојна предност на паузата. Симеон Христов во вториот дел го постави конечниот резултат.

Борец го загуби и значајниот дуел од дното на табелата, откако на гостински терен со 3:2 беше поразен од Локомотива. Емил Скоко го донесе домашниот тим во водство во 25. минута, а во судиското надполнување Рејјан Абази ја дуплираше предноста на 2:0, но по една минута игра Чичевски даде гол за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Борец успеа да го израмни резултатот на 2:2 со гол на Стефан Богдановски. Борец беше многу блиску да дојде барем до прв сезонски бод, но Мердиан Рамадани во 92. минута го расплака ланскиот второлигаш откако постигна гол за 3:2 и голем триумф на Локомотива.

Саса одигра храбар меч и отлина бод од фаворитот од Радовиш, откако одигра1:1 со Детонит Плачковица. Тони Мичковски уште во 11. минута погоди за водство против Детонит Плачковица, а пред крајот на првиот дел капитенот на радовишани, Дарко Алексовски доби црвен картон со што гостите останаа со играч помалку на теренот до крајот на мечот. Сепак, во вториот дел четата на Горан Здравков не се прераде лесно и постигна го во судиското надополнување односно во 96. минута од мечот за конечни 1:1 и голем бод за гостинскиот тим. Стрелец на победничкиот гол беше Александар Смилков.

Пелистер “потона” во Охридското Езеро, откако со 2:1 беше поразен од Караорман. Маневски уште во 18. минута го отвори резултат за водство на битолчани од 0:1. Во судиското надополнување на првиот дел Јошески постигна гол за 1:1 на полувреме. Судиското надополнување и во вториот дел беше кобно за Пелистер, откако Аљтин Лога во 96. минута постигна гол за комплетен пресврт и триумф од 2:1. Битолачни прават голем чекор наназад кога е во прашање директен кам-бек во елитата.

Гостивар со сигурни 2:0 го доби локалното дерби со новајлијата Арсими. Двоен стрелец беше засилувањето Антонио Каланоски.

Воска се “сопна” и одигра 2:2 со храбриот Кожуф на “Билјанини Извори” во Охрид. Охридскиот фаворит го запиша третото сезонско реми и со тоа има четири бода негатива во однос на лидерот Вардар и три бода негатива во однос на второпласираниот Гостивар.

Ален Јашароски уште во 14. минута погоди за водство на Воска од 1:0, а во финишот на првиот дел Ангел Кочев постигна гол за 1:1. Во вториот дел искусниот голгетер Андреј Кудијан ја стресе мрежата на охриѓани од белата точка за водство на гостите од Гевгелија од 1:2 во 63. минута. Во 81. минута Иљаз Чиљафи постигна гол за конечни 2:2 и со тоа ја спаси Воска од втор сезонски пораз.

Беласица со 4:0 го декласираше Тетекс на домашен терен. “Штофарите” нижат порази и одат кон испаѓање во Трета лига – Запад. Струмичани со голот на Милушев уште во 4. минута го отворија резултатот (1:0) со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел Симевски, Коцев и Митевски ги поставија конечните 4:0.

Охрид продолжува да “гази” се пред себе и стигна до шеста победа во низа, откако ја доби и Беса на гостински терен со сигурни 1:3. Филип Ѓоргоски уште во 5. минута од мечот го отвори резултатот за водство на охриѓани од 0:1, но водството траеше кратко бидејќи Ардит Зеќири постигна гол во 16. минута за 1:1. Сепак, гостите од Охрид го вратија водството на 1:2 со голот на Александар Ѓорѓиески постигна во 34. минута.

Во вториот дел конечните 1:3 ги постави Дарко Размоски, кој стрелаше во 77. минута од мечот.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!