РакометРакомет - Суперлига
Охрид одигра одлично, но Вардар запиша победа

Вардар запиша победа над Охрид кој одигра одлично во меч од плеј-офот од Супер лигата со 19:23.
Охридските ракометари одлично се спротивставија на поранешниот европски првак, а на стартот од натпреварот имаа и водство од три гола, но Вардар брзо ја стопи предноста и на полувреме имаше еден повеќе на 10:11.
Домашната екипа не дозволуваше така лесно резултатски да избега Вардар, но сепак на крајот од натпреварот Вардар напрви разлика и победи со 19:23. За Охрид ова беше втор пораз во плеј-офот, а за Вардар втора победа.
Денис Тот со седум гола беше најдобар кај Охрид, а Гоце Георгиевски со осум гола најдобар кај Вардар.
Во следното коло Вардар ќе го игра големото дерби со Еурофарм Пелистер, додека Охрид ќе гостува кај Тинекс Пролет во Скопје.