РакометРакомет - Суперлига

Охрид на дерби против Бутел, скопско дерби меѓу Металург и Пролет

Денес со три натпревари ќе биде отворено 8. коло од плеј офот од Супер лигата. Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе го пречека Вардар во меч каде „црвено-црните“ ќе важат за апсолутни фаворити против младите пелистерци. Натпреварот се игра во „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе започне во 15:00 часот, а судиска двојка е Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје.

Во Автокоманда се игра скопското дерби меѓу Металург и Пролет. Дерби кое е многу важно за „металурзите“ во борбата за место погоре на табелата, а домашниот терен ги става во поволна ситуација да се надеваат на вториот триумф во плеј офот. Од друга страна, Пролет има силен мотив за да ги освои трите бодови во Автокоманда, бидејќи веќе славеше над Металург во 1. коло од плеј офот. Во секој случај ќе гледаме голема борба на теренот, возбудлив и неизвесен дуел. Правдата ќе ја делат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Натпреварот ќе започне во 17:00 часот.

Струга на домашен терен ќе игра против апсолутниот фаворит Еурофарм Пелистер. Очекувано е трите бодови од овој натпревар да завршат кај битолчани. Натпреварот се игра во „Нико Нестор“ со почеток од 15:30 часот, а судиска двојка е Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје.

Големото дерби меѓу Охрид и Пролет наместо во „Билјанини Извори“ ќе се одигра во салата во Велгошти бидејќи охридската сала ќе биде регионален центар за вакцинација против Ковид-19. Големата дерби пресметка која се игра утре за „гладијаторите“ ќе биде многу важна бидејќи ќе бараат „одмазда“ за поразот од првото коло во Скопје од Бутел. Неизвесната и возбудлива дерби пресметка ќе ја суди Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, а стартот е закажан за во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!