Охрид или Кораби- кој ќе обезбеди опстанок во Втора лига ?

На две кола до крајот битката за опстанок во Втора лига – Запад е сведена на две екипи – Охрид или Кораби, кој ќе обезбеди опстанок ?
На Запад веќе нов прволигаш е Силекс кој експресно се врати во Првата македонска фудбалска лига, а борба за бараж за ПМФЛ ќе водат Воска Спорт и Вардар.
Кога е во прашање опстанокот Кораби и Охрид ќе водат борба без право на грешка на последните два натпревари. Охрид врза две многу важи победи и се искачи на седмото место на табелата со 28 бодови, пред Кораби кој по поразот од Гостивар на домашен терен е на осмата позиција со 26 бодови и се наоѓа во зоната за директно испаѓање.
- Распоредот на Охрид и Кораби до крајот од сезоната:
коло 26:
Гостивар – Охрид
Тетекс – Кораби
коло 27:
Кораби – Вардар
Охрид – Тетекс
Распоредот можеби за Охрид на хартија е полесен ако се земе фактот дека игра против екипи кои имаат сигурен опстанок, во однос на Кораби кој игра против Вардар на кого трите бодови му се повеќе од потребни на патот кон бараж за Прва лига.
Охриѓани веќе викендот гостуваат кај екипата на Гостивар во меч каде домаќинот ќе биде растерен од резултатски исход, додека пак гостите ќе играат под силен притисок да забележат триумф на тешкото гостување и дома да се вратат како победници со цел да ја продолжат борбата за опстанок.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Во последното коло Охрид ќе игра против Тетекс, екипа која исто така, има обезбедено опстанок, меѓутоа е во резултатска криза. Со нов триумф охриѓани на домашен терен пред верната публика може да го прослават опстанокот. Тоа значи дека сите работи зависат од самите нив.
Кораби, пак, има многу потешка мисија кога е во прашање опстанокот. Веќе викендот ќе ги одмери силите против Тетекс на гостински терен каде „штофарите“ ќе имаат притисок за триумф и конечен излез од резултатска криза. Гостинот од Дебар ќе мора дома да се врати со цел „плен“, но и да се надева на кикс на Охрид, ако сака во послендото коло да остане со шанси за опстанок.
Во последното коло Кораби на домашен терен ќе игра против Вардар во меч каде и двете екипи ќе бидат по силен притисок за трите бодови – Кораби за опстанок, Вардар за бараж во Прва лига. Но, во оваа коло, многу работи ќе зависат и од претпоследното коло кое ќе се одигра веќе овој викенд.