ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид и Кораби во дуел за опстанок, Вардар гостува кај Гостивар, Силекс кај Велешта

Денес со почеток од 16:00 часот се играат натпреварите од 22. коло на Втората лига – Запад.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Во Тетово ќе се одигра дерби дуел меѓу Тетекс и Беса од Добри Дол. „Штофарите“ се „заковани“ на високото четврто место со 34 бодови и опстанокот е сигурен, а од друга страна Беса ќе брка позитивен резултат со цел да се зацврсти на шестото место, но и да го нападне петото место и со тоа да обезбеди опстанок неколку кола пред крајот на шампионатот. Под тренерската палка на Џенгис Реџепи екипата на Беса нема пораз во пролетниот дел од сезоната.

Вардар ќе има тешко гостување кај Гостивар во меч каде трите бодови за „вардарци“ се повеќе од потребни во борбата за обезбедување место кое води кон Прва лига. Во првиот меѓусебен дуел Вардар на домашен терен беше сигурен со 3:1, но на гостувањето одигра 1:1 против Гостивар. За домаќинот се освен пораз ќе биде позитивен исход и со тоа ќе направи чекор напред во битката за опстанок.

Воска Спорт ќе гостува кај „фенерџијата“ Кадино каде ќе важи за апсолутен фаворит за трите бодови против екипата која од следната сезона ќе настапува во Трета лига – Север.

Туристичка огласна платформа – Котва.МК ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ

Силекс денес ќе биде на тежок испит на гостување кај Велешта каде ќе нема право на грешка со цел да не го загрози првото место. Кратовци и понатаму се единствената екипа без пораз, а Велешта која е во длабока резултатска криза од четири последователни порази ќе се обиде да го изненади непоразениот лидер и да ги грабне трите бодови со цел да се врати во сериозна трка за опстанок. Кикс на Силекс, а триумф на Воска Спорт ќе донесе неизвесна завршница од шампионатот.

На „Билјанини Извори“ Охрид и Кораби ќе се судрат во директна пресметка за опстанок. Трите бодови силно ги посакуваат и двете екипи. Охрид е осми на табелата со 19 бодови, зад Кораби кој е место погоре со само бод повеќе. Триумф за охриѓани ќе значи и промена на местата, односно Охрид би бил седми со 22 бодови, а пак Кораби ќе би бил осми. Во случај на триумф на Кораби, второлигашот од Дебар ќе направи сериозен исчекор кон опстанокот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!