Охрид и Гостивар запишаа минимални победи, лидерот Скопје со голема победа, Велешта во финишот до победа над Кадино

Лидерот Скопје на „Железарница“ со 3:1 славеше над Велазерими и успешно чекори кон Прва лига. Домаќинот резултатот го отвори рано, во 5. минута со гол на Кировски Христијан. Само четири минути подоцна Исмаил Берат си постигна автогол, а со тоа Скопје имаше 2:0. Во 18. минута Љамалари Арсим постигна гол за 3:0. Гостинот од Кичево во 71. минута со гол на Ајрули Махир ги постави конечните 3:1.
Велешта во самиот финиш дојде до голема победа над Кадино, откако на домашен терен славеше со 2:0. Иако гостинот од Кадино загуби, сепак покажа квалитет и одигра одлично. Првиот гол падна во 89. минута кога „џокерот“ Малески Христијан ја погоди противничката мрежа за 1:0. Во судиското продолжение младиот Даути Мирлинд ги постави конечните 2:0, а со тоа трите бодови остануваат во Велешта.
Охрид на „Билјанини Извори“ дојде до минимална победа од 1:0 над Дрита. Стрелец на единствениот гол беше Целески Александар, а голот беше постигнат во 54. минута.
Гостивар дома запиша минимална победа од 1:0 над Тетекс. Единствениот гол го постигна Белули Малиќ во 65. минута
Кораб добива службени три бодови, бидејќи требаше да се соочи со дисквалификуваниот Вардар Форино.
Скопје е лидер со 44 бодови, Велешта е втора со 37 бодови, еден помалку има третопласираниот Гостивар, а Охрид со 35 бодови е четврти.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<