РакометРакомет - Останато
Охрид и Еурофарм Пелистер пресилни, Скопје немаше сили за изненадување во ракометниот Куп

Денес се одиграа седум натпревари од ракометниот Куп на Македонија.
Охрид со високи 12:45 го декласираше Делчево – Вардар и обезбеди четвртфинале, додека Радовиш со 25:30 славеше во Автокоманда над Металург РА.
Астраион во Струмица со 31:19 беше далеку подобар од Македонија Ѓ.П., додека во Битола Еурофарм Пелистер со 45:11 го декласираше Вардар Неготино.
Куманово претрпе тежок пораз во Автокоманда од Металург со 26:36, а во Богданци голема неизвесност до самиот финиш, Младост со победа од 29:28 над Скопје обезбеди четвртфинале.
Голден Арт КЛ7 со 19:45 го декласираше Партизан и се пласираше во следната фаза од ракометниот Куп.