Охрид, Гостивар или Велешта во бараж за Прва лига !?

Уште две кола до крајот од Втората лига – Запад, а борбата за второто место и баражот за Прва лига се разгорува. Охрид, Гостивар и Велешта ќе ја водат борбата за баражот кој можеби ќе ги однесе и во Прва лига.
Скопје веќе го обезбеди првото место и следната сезона се враќа во Прва лига, останува борбата за баражот. Во моментот Охрид е втор со 43 бодови, а со ист број на бодови е Велешта која е трета, додека Гостивар со 42 бодови е на четвртата позиција.
Распоред на екипите кои ќе играт за бараж:
- коло
- Гостивар – Скопје
- Охрид – Кадино
- Велешта – Велазерими
- коло
- Кадино – Гостивар
- Скопје – Велешта
- Тетекс – Охрид
Бараж натпреварите се играат на неутрален терен во принцип Исток со Исток, Запад со Запад. Тоа значи дека второпласираната екипа од Втора лига – Исток каде веќе Тиквеш го обезбеди баражот ќе игра со екипа од ПМФЛ која територијално припаѓа на Втора лига – Исток. Додека пак второпласираната екипа од ВМФЛ – Запад ќе игра бараж со екипа од ПМФЛ која територијално припаѓа на ВМФЛ – Запад. Доколку двете екипи кои испаѓаат од ПМФЛ припаѓаат на ВМФЛ – Исток или на ВМФЛ – Запад тогаш бараж натпреварите се утврдуваат со ждреб.