РакометРакомет - Суперлига
Охрид го оствари најдобриот успех во ракометната Суперлига

Охридскиот ракометен суперлигаш го оствари најдобриот успех во Суперлигата, победувајќи на сите 12 натпревари во рамки на групата А и завршувајќи го регуларниот дел на првото место со максимални 36 освоени бодови.
Ракометарите на Охрид постигнаа фантастични 339 погодоци, што ги прави најефикасни, а исто така, тие имаат и најдобра одбрана, бидејќи имаат примено најмалку погодоци, вкупно 235.