РакометРакомет - Суперлига
Охрид го декласираше Астраион и со максимален учинок влегува во плеј-офот

Ракометарите на Охрид со убедливи 22:31 го декласираа Астраион и со максимален учинок патуваат во плеј-офот. „Гладијаторите“ без многу мака одиграа одличен натпревар во Струмица и дома се враќаат со нови три бодови.
Во досегашниот тек од сезоната Охрид запиша 12 победи на исто толку одиграни натпревари и со максимален учинок заврши на првото место во групата А.
Соколов со девет и Ивановски со шест гола беа најпрецизни кај Охрид, додека Караиванов со девет беше најдобар кај домаќините.