ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид ги „запали моторите“, договорени седум контролни средби (ФОТО)

Второлигашот Охрид денес ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Запад.

„Рибарите“ имаат договорено седум контролни средби кои ќе се одиграат во период од 26 јануари до 20 февруари. Ривали на охридските фудбалери во тест натпреварите ќе бидат српска Јагодина (26. јануари), битолски Пелистер (30. јануари), Ренова (3. февруари), Струга Трим Лум (6. февруари), Караорман (10. февруари), Велазерими (17. февруари) и Велешта (20. февруари).

Охрид одигра одлична есен во Втората лига – Запад и заврши на четвртото место на табелата со 2 бода помалку од второто место и баражот за Прва лига и девет помалку од есенскиот шампион Скопје. Токму тоа и ќе понуди атрактивна пролет за „рибарите“ кои ќе атакуваат за врвот од табелата.

Пролетниот дел Охрид го отвара на домашен терен против Кораб.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!