ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид домаќин на Велазерими, лидерот Скопје гостува кај Дрита

Во сабота ќе бидат одиграни четирите натпревари од 22. коло од Втората лига – Запад.

Охрид – Велазерими

Охрид на домашен терен ќе ја пречека екипата на Влезерими од Кичево. Според формата и квалитетот Охрид ќе биде голем фаворит за трите бодови. Покрај тоа, на домашен терен охриѓани играа фантастично, па во текот на цела сезона дома имат девет победи, едно реми и само еден пораз. Гостинот од Кичево на гостински терен не игра во најдобра форма, но и на последните пет натпревари не знае за победа, па во сабота ќе го очекува тешко гостување. Доколку Охрид запиша победа во сабота ќе продолжи да напаѓа за второто место, кое носи во бараж за влез во Првата лига.

Кораб – Гостивар

На Градскиот стадион во Дебар ќе се судрат Кораб и Гостивар. Гостинот ќе мора дома да се врати со трите бодови со цел да продолжи да напаѓа за второто место и да се надева на бараж за влез во ПМФЛ. Од друга страна, Кораб на последните пет натпревари има два порази и три последователни ремија, па во сабота ќе има нова шанса конечно да запише победа.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Дрита – Скопје

Екипата на Дрита која води тешка борба за опстанок во второлигашкото друштво во сабота ќе има тежок испит против лидерот Скопје кој ќе важи за фаворит. Домаќинот ќе мора да изнајде начин како трите бодови да останат дома со цел да се надева на евентуален опстанок. Од друга страна „пиратите“ се блиску до враќање во Првата лига, па победата во сабота за нив ќе биде важна за да бидат чекор поблиску до елитата.

Тетекс – Кадино

Дерби за опстанок ќе се одигра во Тетово меѓу Тетекс и Кадино. Важен натпревар и за двете екипи кои водат борба за опстанок во Втората лига – Запад. Тетекс ќе биде во поповолна ситуација бидејќи игра на домашен терен, додека за Кадино се освен пораз ќе биде позитивен исход од тешкото гостување.

Натпреварите ќе стартуваат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!