ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид домаќин на Дрита, Гостивар на дуел со Тетекс

Во сабота стартува третиот круг од натпреварувањето од Втората лига – Запад со натпреварите од 19. коло.

На „Билјанини Извори“ домаќинот Охрид ќе ја пречека екипата на Дрита. Охриѓани играа одлична сезона и имаат позитивна серија од четири победи и едно реми на последните пет натпревари, па во сабота ќе бидат фаворити за победа и три бодови. Се освен пораз за гостинот од Боговиње ќе биде позитивен резултат во борбата за опстанок.

Велешта на домашен терен ќе ги одмери силите со Кадино. Домаќинот игра фантастична сезона и со 34 бодови е на второто место на табелата, а бодовната разлика со лидерот Скопје е седум бодови, па Велешта има големи и реални шанси да го напаѓа првото место. Кадино после големата и убедлива победа над Гостивар, во Велешта патува силно мотивиран за ново изненадување и голем исчекор во битката за опстанок.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Гостивар веќе во сабота ќе има поправен тест со Тетекс, откако во минатото коло беше шокиран на домашен терен од Кадино со висок пораз од 0:3. Гостиварци ќе мораат до победа со цел да бидат во сериозен чекор со лидерот Скопје. Тетекс влегува во позитивна серија, на последните пет натпревари има еден пораз, две победи и две последователни ремија, па во сабота гостинот од Тетово ќе се обиде да ја продолжи истата и да се врати дома со три бодови, со цел да да направи прогрес кон седмото место на табелата.

Лидерот Скопје на „Железарница“ ќе ја пречека екипата на Велазерими. Скопје е на добар пат да се врати во Првата лига, позитивната серија од последните пет натпревари ја прават екипата од Автокоманда да биде голем фаворит против кичевскиот гостин. Велазерими е во резултатска криза, има четири порази и само едно реми, па се освен пораз за екипата од Кичево ќе биде позитивен исход.

Кораб на домашен терен требаше да се судри со Вардар од Форино, екипа која е дисквалифукана од страна на ФФМ.

Сите натпревари стартуваат во 15:00 часот, а дел од истите ќе бидат пренесувани и во ЖИВО на Спортска Мрежа со пренос овозможен од страна на ФФМ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!