ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид денес ги стартува контролните натпревари

Второлигашот Охрид денес ги стартува контролните натпревари во рамки на зимските подготовки. Денес охриѓани на „Билјанини Извори“ ќе го одиграат првиот контролен натпревар против второлигашот Гостивар. Овој натпревар стартува во 14:00 часот.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ АПАРТМАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА КОТВА.МК <<<

Следен тест ќе биде против прволигашите Скопје и Струга Трим Лум на 2. февруари, односно на 5. февруари. За 12. февруари закажан е тест против Кораб од Дебар.

Натпреварите ќе се одиграат на „Билјанини Извори“ во Охрид.

>>> ПРОМОЦИЈА НА РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Охрид есенската полусезона ја заврши на седмата позиција, односно во бараж зоната со 15 бодови, а целта е сигурен опстанок во Втората лига и за следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!