ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид беше одличен – но дербито на колото за Гостивар, Воска конечно победи и носи три бода дома!

Денес беше отворена 12-тата рунда од Втората македонска фудбалска лига со два натпревари.

Дербито на колото се играше на „Билјанини Извори“ каде Охрид со 1:2 беше поразен од Гостивар, меч кој гледачите на М Нет телевизија го следеа во живо. Запрена е победничката низа на Охрид од шест последователни победи, а Гостивар ја продолжи победничката серија на пет последователни победи.

Охрид парираше одлично и правеше притисок со оглед на фактот што речиси цел меч го играше со играч помалку, откако Филип Ѓоргорски заработи црвен картон и беше исклучен од игра. Поради груба игра младиот фудбалер на Охрид беше исклучен од игра, но тоа немаше сериозно влијание врз играта, напротив охриѓани одлично парираа и креираа сериозни шанси, но фалаше реализација.

Отпорот на Охрид беше срушен во 26. минута кога Антонио Каланоски во 26. минута ја стресе мрежата на Серафимов за водство од 0:1 на Гостивар на полувреме.

Во вториот дел Охрид тргна со притисок, се градеа шанси, но реализација немаше. На спротивната страна и Гостивар се закануваше, кога во 77. минута Стојанчо Велинов со атрактивен удар биеше кон голот на Охрид, а Серафимов на атрактивен начин го одбрани ударот на 33-годишниот Велинов, кој во мешаницата со Митревски и Тафа, Велинов го собра отпадокот во шеснаесетникот и биеше одново за 0:2.

Охрид брзо реагираше и даде гол по само седум минути игра, откако Размоски од корнер нафрли топка во шеснаесетникот, а откако Јашар имаше неуспешно боксување на топката, капитенот Арбен Тафа ја смести топката во мрежата на противникот за конечни 1:2.

Во финишот од мечот и Гостивар остана без играч помалку, откако Енис Дервиши беше исклучен од игра поради недозволен старт.

Воска по два натпревари конечно победи и запиша три важни бодови, откако на гостувањето во Чегране со 1:2 славеше над новајлијата Арсими. Фаворитот Воска доби сериозен отпор во Чегране, Арсими одлично парирше, но на крај мораше да се задоволи само со бод.

Искусниот Изаир Емини во 21. минута од белата точка успешно погоди за 0:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Нинослав Здравковски постигна гол за 1:1. Арсими се врати во рамноправна борба за Воска, но сепак, во 66. минута Бехар Фета ја стресе мрежата на противникот за конечни 1:2.

Колото ќе биде комплетирано утре. Вардар на „Железарница“ ќе се судри со Беласица, Кожуф ќе игра против Слога од Виница, во Радовиш ќе се соочат Детонит Плачковица и Беса од Добри Дол, Пелистер дома ќе игра со Тетекс, Борец ќе го пречека составот на Саса од Македонска Каменица, а пак Караорман ќе биде домаќин на Локомотива.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВМФЛ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!