Европски ФудбалФудбал

Охрабрувачки вести: Кога Ериксен очекува да се врати на теренот ?

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен се врати во клубот од Милано во средата, и во разговор со соиграчите, призна дека очекува да излезе на терен оваа година.

Данскиот репрезентативец колабираше во првиот натпревар на Европското првенство.

“Добро сум. Мислам дека за четири или пет месеци, повторно ќе почнам да играм фудбал“, рече Ериксен, а пренесе„ Кориере дело Спорт.“

За време на дуелот на Европското првенство против Финска, Данецот се сруши на теренот. Лекарите по неколку минути го вратија во свесна состојба, со што тој го напушти стадионот во Копенхаген на носилки во свесна состојба.

На Ериксен му беше вграден пејсмејкер за нормализирање на отчукувањата на срцето.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Интер истекува на 20 јуни 2024 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!