ФудбалФудбал - Четврта Лига

ОФЛ-Тетово: ЕС со минималец, Кастриоти и Пирок со убедливи победи, триумф и за Вардар 2022

Денес беа одиграни натпреварите од 2. коло од Општинската фудбалска лига во Тетово.

Најубедлива победа однесе екипата на Кастриоти, која на домашниот терен во Порој со високи 7:2 славеше над Мергимтари, а висок триумф од 4:1 забележа и екипата на Пирок која славеше над Или.

Вардар 2022 на домашниот терен во Брвеница славеше триумф од 2:1 над Скендербеу, Шемшова беше подобра од Руфеја со минимални 1:0, а со минималец од 1:0 славеше и ЕС над Доброшти. За младата екипа на ЕС денешниот натпревар беше прв бидејќи во првото коло беше слободна.

Риниа Пршовце на домашниот терен во Теарце загуби од Шарри со високи 0:4.

Екипата на Беса беше слободна во 2. коло од Општинската фудбалска лига во Тетово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!