ФудбалФудбал - Четврта Лига

ОФЛ Прилеп: Гарван Десово и Црвена Звезда Сенокос ги искинаа мрежите, убедливи победи за Стрела и Млекар

Викендот започна новата сезона од Општинската А лига Прилеп со натпреварите од 1. коло.

Првото коло предизвика дожд од погодоци, а најубедливи победи однесоа Гарван Десово и Црвена Звезда Сенокос.

Екипата на Гарван Десово со 6:2 триумфираше над Кадино од Прилеп. Триумфот за домашниот тим беше сосема очекуван бидејќи Кадино беше не беше во полн состав за овој меч. Емин Имероски постигна хет-трик за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Арнел Беќировиќ, Митхат Бешировиќ и Осман Салиески кој погоди од белата точка. За гостинскиот тим стрелци беа Борче Талески и Валентин Степаноски.

Црвена Звезда Сенокос со идентични 6:2 славеше над Ултрас во меч каде домашниот тим беше апсолутен фаворит за трите бодови. Двојни стрелци за Црвена Звезда Сенокос беа Деан Цветкоски и Филип Ачкоски, а по еден гол постигнаа Марјан Коштревски и Бојан Петрески. За гостинскиот тим двоен стрелец беше ВЛатко Ингилизов.

Стрела 21 на крилата на Зоран Секирски сезоната ја започна со убедлива победа од 2:4 над Динамо на гостински терен.

За домашниот тим стрелци беа Кире Наумоски и Славе Тодороски, додека пак за гостинскиот тим Зоран Секирски постигна хет-трик, а стрелец на еден гол беше Јане Ристески.

Млекар со убедливи 4:0 ја стартуваше сезоната против Клепач 2013 на домашен терен. Победата е сосема очекуван со оглед на тоа што гостинската екипа беше десеткувана и немаше можност за рамноправна борба со домашниот тим кој беше во полн состав.

Стрелци за Млекар беа Александар Ристески, Сашко Најдоски, Антонио Гусакоски и Кире Димоски.

Десеткуваната Кадина 1965 на домашен терен дојде до триумф од 2:1 против екипата на Мукос, која беше во полн состав. Стрелци за домаќинот беа ГОран Базеркоски и Бобан Крстески, додека пак Зоран Ристески во 92. минута од белата точка го ублажи поразот на 2:1.

Влазними Јуниор со убедливи 1:5 славеше над Тризла на стартот од новата сезона. Единствен стрелец за домашниот тим беше Дејан Дамески, а пак за гостите двојни стрелци беа Денис Шабаноски и Али Фејзулоски, додека пак еден гол постигна Мерсин Мемедоски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!