ОФК Битола се „распука“ со СЕДУМ гола, реми на дербито меѓу Јени Маале и Олд Бојс

Викендот беа одиграни натпревари од 7. коло од Општинската фудбалска лига во Битола – А1 и А2.
Во Лига А1 екипата на ОФК Битола со 7:0 ја распадна екипата на Пелагонија Бел Камен. Лука Лаковски сам го „среди“ противникот со пет постигнати погодоци, а по еден гол постигнаа Филип Кебаковски и Дејан Јовановски.
Лисолај со минимални 0:1 славеше на гостувањето кај Партинзан 2021. Стрелец на единствениот гол беше Благојче Кочанковски кој погоди во 25. минута.
Поешево на домашен терен впиша поразот, откако со 2:4 загуби од Напредок. Гостите на полувреме имаа водство од 1:2 со погодоци на Николче Мирчевски и Томислав Терзиоски, а во првиот дел за Поешево стрелаше Горан Ставревски. Во вториот дел Терзиоски со втор гол зголеми на 1:3, а капитенот Антонио Николовски намали на 2:3. Конечниот резултат беше поставен во 74. минута со втор гол на Мирчевски.
Карамани со сигурни 0:2 славеше над Младост. Триумфот го обезбедија Ангуш Вејсел кој стрелаше во 15. минута за отварање на резултатот и Енвер Мустафовски кој го постави конечниот резултат во 65. минута.
Новаци 2011 и Хајдук ремизираа со по три гола во мрежа (3:3). По само седум минути играа паднаа три погодоци. Александар Велевски погоди во 3. минута за рано водство на домаќините, по две минути Бојан Велески израмни на 1:1, а веќе во 7. минута Христијан Стевановски донесе второ водство за домаќините од 2:1. Во 42. минута Велевски со втор гол зголеми на 3:1, а по две минути Гоце Велески намали на 3:2. Во вториот дел Методија Атанасовски ги постави конечните 3:3. Во 88. минута Никола Ѓоргиовски беше исклучен од игра поради втор жолт картон заработен поради недозволен старт.
Атлетико и Доск го поделија „пленот“ откако ремизираа играјќи 2:2. Александар Василев во 5. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот од 1:0. Само две минути подоцна Гоце Атанасовски постигна гол за 1:1. Пред крајот на првиот дел Василев со втор гол донесе ново водство за Атлетико од 2:1. Во вториот дел, во 72. минута Христијан Спировски ги постави конечните 2:2.
ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД А1 ЛИГА:

Големото дерби меѓу Јени Маале и Олд Бојс заврши без погодоци (0:0) и без победник со поделба на „пленот“.
Пелагонија с. Добромири со убедливи 7:0 го „уништи“ Пелистер (Трново-Магарево). Двоен стрелец беше капитенот Даниел Крстевски, а по еден гол постигнаа Иванчо Јанковски, Борче Ѓорѓиевски, Дарко Лозановски, Александар Китановски и Мендо Трајков.
Дуелот меѓу Црна Река и Пелагонија с. Трап заврши со минимален триумф за домашните од 1:0. Стрелец на погодокот беше Христијан Мартиновски во 39. минута од натпреварот. Во 88. минута голманот на домашните Николче Митревски заработи директен црвен картон поради Неспортско однесување, а пак Христијан Мирчески, играч на гостинската екипа поради неспортско однесување заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.
Чагор на домашен терен со сигурни 3:1 го доби Светлост. Резултатот го отвори Зоран Тасески во 28. минута за водство на домашните од 1:0 на полувреме. Во вториот дел паднаа три погодоци. Само четири минути игра во второто полувреме беа потребни за гостите да го израмна резултатот на 1:1 со гол на Роберт Лавчански. По девет минути игра Тасески со втор гол донесе ново водство за Чагор од 2:1. Пред самиот крај на натпреварот Игор Димовски го запечати резултатот од 3:1.
КСК натпреварот со Младост Дедебалци го доби со службени 3:0, бидејќи по чекање од 30 минути гостинската екипа не се појави на теренот.
ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД А2 ЛИГА:
