ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Жалбата на Братство 07 прифатена, натпреварот со Дојранско Езеро го добива со службен резултат

Братство 07 натпреварот со Дојранско Езеро го доби со службени 3:0 откако имаше поднесено жалба бидејќи во екипата од Дојран играле двајца играчи на туѓи легитимации.

Билтен 23 од Трета лига – Југ:

„Врз основа на член 8, член 67, и член 96 став 1 од Правилникот за натпревари на ФФМ,како и член 1 и член 2 од Пропозициите за натпреварување во Трета фудбалска лига-југ комесарот за натпревари на седницата одржана на ден 22.април 2021 година ги донесе следниве:

1. Се регистрираат натпреварите од 23-то коло на Третата Фудбалска лига –Југ, одиграни на ден 18.април 2021 со следните резултати:

Динамо 4:2 Ново Црнилиште
Младост 1930 3:2 Превалец
Братство 3:0 Дојранско Езеро (службен резултат)
Големо Коњари 1:0 Младост Удово
Обршани 1:1 Напредок Крушеани
Марена 0:0 Локомотива
Питу Гули – слободна екипа
Вардар Неготино – слободна екипа

Натпреварот БРАТСТВО 07-ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО се регистрира со службен резултат 3-0 за екипата на БРАТСТВО 07 затоа што по извршената идентификација по завршувањето на натпреварот е утврдено дека во гостинската екипа играле два играчи на туѓи легитимации. За сторениот прекршок ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО се предава на Дисциплински комесар.

Со одлука на ФФМ првенството се одложува на неопределено време.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!