ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Второлигашот ФК Кит Го го промени името во ФК Пехчево

Фудбалскиот второлигаш Кит Го и официјално го промени името во ФК Пехчево. Ваквата промена е извршена пред седум дена, а клубот под новото име е заведен и во Централниот регистар, клубот ќе има и ново лого.

„На 20 јануари 2022 година ФК Кит Го – Пехчево го менува своето име во Централен Регистар и ОФС Штип од ФК Кит Го – Пехчево во ФК Пехчево од Штип. ЕМБС останува исто.“
>>> РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ НА ПОНИКВА – КОТВА.МК ВИ НУДИ ОДЛИЧНА ПОНУДА <<<
Ваквата промена на името доаѓа по продажбата на маркетите Кит Го на косовска фирма.