ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Воска Спорт ги претстави првите три засилувања, официјално претставен и тренерот Цицмиловиќ

Новиот второлигаш Воска Спорт од Охрид во следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Запад.

Охридскиот клуб ги претстави првите три засилувања за новата сезона, а официјално беше претставен и новиот тренер Раде Цицмиловиќ на „Грашница“.

Во Охрид пристигнаа Ардит Демир, Шпенд Асани и Емир Алиу. Во следниот период се очекуваат и нови засилувања во екипата.

Воска Спорт подготовките за новата сезона во Втората лига – Запад ќе ги започне на 7 јули, а веќе се договорени и пет контролни натпревари.

Воска Спорт минатата сезона беше шампион во Третата лига – Југозапад без ниту еден пораз, а во баражот со Фортуна за влез во Втората лига – Запад беше далеку подобра и славеше со конечни 4:2.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!