РакометРакомет - Суперлига

ОФИЦИЈАЛНО: Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на Вардар 1961!

Македонскиот ракометен рпвак Вардар 1961 добива нов тренер, бидејќи клубот и досегашниот предводеник Веселин Вујовиќ постигнаа спогодбен раскин на соработката.

Причина за ваквата одлука е серијата лоши резултати во Лигата на шампионите на „црвено-црните“ каде забележаа седум порази во низа, а пак во домашното првенство загубија од Еурофарм Пелистер 2 со што битолскиот конкурент за титулата се израмни на врвот од табелата.

Во моментот нема официјални информации кој би бил наследникот на црногорскиот стратег, а неговиот досегашен помошинк Владо Недановски ќе ја предводи екипата на следните натпревари.

Вардар останува без тренер во клучен и лош момент, бидејќи пред „вардарци“ е големото дерби во Битола против дирекниот конкурент за титулата Еурофарм Пелистер. Недановски ќе го води Вардар на дербито во Битола, како и вечерва против Охрид, а потоа ќе бара ангажман на нов тренер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!