ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Урош Мирковиќ е старо-нов играч на Тиквеш

По шест месеци српскиот интернационалец Урош Мирковиќ се врати во редовите на прволигашот Тиквеш од Кавадарци.
Тој потпиша едногодишен договор и се стави на располагање на стручниот штаб на тимот. Колку за потсетување 31-годишниот играч од среден ред кој настапува по десната страна беше дел од Тиквеш во есенската полусезона од минатата сезона.
Во Кавадарци тој пристигна од Чапњина од БиХ, а во својата кариера има настапувано и за Синѓелиќ од Белград, Бања Лука, Група, Радник, Доњи Срем, Младеновац, Сопот, Бежанија и Прокупље.