ЕУРО 2020Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: УЕФА го суспендира Арнаутовиќ за навредите кон Алиоски

УЕФА донесе одлука и го суспендира Марко Арнаутовиќ за следниот натпревар на Австрија на Европското првенство, поради пцовките на натпреварот против Македонија кон другите играчи.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, по што кажа недолични зборови кон нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. ФФМ поднесе пријава за овој случај, а УЕФА ја разгледа снимката и му изрече суспензија на напаѓачот од еден натпревар.

Тоа значи дека Арнаутовиќ ќе го пропушти дуелот со Холандија на Европското првенство, и ќе може да игра во третото коло против Украина.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!