ОФИЦИЈАЛНО: Црнилиште згаснува и нема да се натпреварува во Трета лига – Југ

Третолигашот Црнилиште нема да пријави учество за тековната сезона за настап во Третата македонска фудбалска лига – Југ дознава Спортска Мрежа.
Клубот со ова и официјално ќе згасне, а според информации тешко дека би можел да се реактивира и за следната сезона.
Од клубот за Спортска Мрежа кратко искоментираа дека поради недоволен број на вакцинирани играчи не може да учествуваат во новата сезона.
„Поради неисполнување на условите со вакцини, Црнилиште го откажува учеството во Трета лига – Југ. По четири години поминати на врвот во Трета лига – Југ дојде крај и на оваа генерација добри фудбалери.“
Од клубот се заблагодарија за соработката со спортскиот веб портал Спортска Мрежа кој е прв и единствен во Македонија кој известува за Третата македонска фудбалска лига преку детални извештаи за натпреварите, анализи, изјави, интервјуа, статистики и табели.
„Ви благодариме на вашата посветеност, за Спортска Мрежа едно големо браво за коректноста“, додаваат од клубот.
Вечерва во 18:00 часот во Прилеп е закажана ждрепката по што и официјално ќе биде познат распоредот на натпревари и клубови кои ќе учествуваат во новата сезона.