ОФИЦИЈАЛНО: Цицмиловиќ нов тренер на второлигаш Воска од Охрид

Охридска Воска во новата сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Запад. Клубот од Охрид веќе работи интензивно на градење на тимот за второлигашките настапи, а веќе е ангажиран и нов тренер.
На клупата на охриѓани седнува познатиот македонски стратег Раде Цицмиловиќ, кој ќе ја води Воска во следната сезона.
Цицмиловиќ во својата кариера ги има предводено Кожуф, Дојранско Езеро, Беласица и последно беше на клупата на Тиквеш.
Воска е шампион во Третата лига – Југозапад, а во баражот славеше над Фортуна, екипа шампион во Трета лига – Север и така обезбеди место во Втората лига – Запад за следната сезона. Покрај Воска, во ВМЛФ – Запад следната сезона ќе игра и шампионот од Трета лига – Запад, екипата на Беса, која исто така славеше над Фортуна.
Еден Коментар