ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Трета лига – Југ започнува на 27 февруари – еве ги паровите за прво коло

На 27. февруари со 13 екипи ќе започне новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ. На големо изненадување за сите е тоа што сепак Црнилиште изнајде решение и ќе настапува во новата сезона.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ И РЕСТОРАН <<<

По одржаната ждрепка ги имаме и паровите за првото коло. Обршани сезоната ја стартува на домашен терен против Питу Гули од Крушево, Марена ќе биде домаќин на Младост 1930, Росоман ќе го пречека Ново Црнилиште, Вардар Неготино ќе игра дерби со Големо Коњари, дуел на новите третолигаши Бучин и Возарци ДМД и Слога 1976 против Динамо.

Во првото коло екипата на Превалец ќе биде слободна, а пак екипата на Напредок од Крушеани за жал не пријави учество и екипата нема да се натпреварува во Трета лига – Југ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!