ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Трајковски и Борха први зимски засилувања за Борец

Велешки Борец и официјално ги промовираше своите две нови зимски засилувања. Борец во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен со Лука Трајкоски и Александер Борха.

Младиот лев бек од Колумбија во Борец пристига од Пелистер, додека 20-годишниот дефанзивец Трајковски во есенскиот дел сезоната го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров.

Велешани ќе продолжат со засилувања и веќе се разговара со двајца странски фудбалери, а ќе има засилувања и со домашни фудбалери, со што екипата на Горазд Михајлов за пролетниот дел ќе добие на квалитет и свежина.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!