Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Трајковски е најново засилување за Алборг (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално е најново засилување за данскиот прволигаш Алборг.

Оваа информација ја потврди и самиот клуб, со што беше промовиран Трајковски како нова „седумка“ во тимот за новата сезона.

Трајковски во Данска доаѓа од редовите на шпанското првенство каде го носеше дресот на Мајорка од 2019 година. Трајковски имаше одлични настапи на Европското првенство во дресот на македонската репрезентација, а во својата кариера има настапувано и за Палермо, Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55.

Алборг по седум одиграни кола во данскиот шампионат со 12 бодови е на петтото место на табелата и има заостанување од 5 бода во однос на шампионот Копенхаген.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!