ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Тиквеш со честитка за 2021 – Симе Христов останува во Кавадарци!

Најдобриот играч во Втората лига – Исток, Симе Христов и официјално останува во Тиквеш дознава Спортска Мрежа.

28-годишниот Христов важи за најквалитетен напаѓач во Втората лига – Исток и со неговата игра и голови Тиквеш е на второ место на табелата и ќе се бори за прво место или бараж за Првата македонска фудбалска лига.

Според информациите на Спортска Мрежа, Симе Христов во Кавадарци ќе остане во следните 6 месеци, односно ќе го предводи нападот на Тиквеш и во пролетниот дел од сезоната.

Напаѓачот во Кавадарци пристигна во јули месец од албанска Влазнија, а во својата кариера има настапувано за велешки Борец, Македонија Ѓорче Петров, Еуромилк ГЛ, Тетекс, Пелистер, Вардар, а една сезона помина и во штипска Брегалница, како и за Мјанмар, Егри и Вашаш.

Голема новогодишна честитка од Тиквеш за сите навивачи на клубот од Кавадарци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!