ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Тиквеш се засили со Коцев и Мишов

Новиот прволигаш Тиквеш денес промовираше две нови засилувања за новата сезона. Во Кавадарци денес пристигнаа Роберт Коцев и Александар Мишов кои доаѓаат во пакет од Борец.

27-годишниот радовишанец Коцев во својата кариера покрај Борец има настапувано и во радовишка Плачковица. Минатата сезона во дресот на Борец одигра 32 натпревари во ПМФЛ и забележа две асистенции.

По шест месеци во Борец, Мишов се враќа во матичниот клуб Тиквеш. 22-годишникот во својата кариера има настапувано покрај Тиквеш и Борец и за Академија Пандев. Мишов во дресот на Борец забележа 9 настапи и постигна четири погодоци.

Тиквеш пред да замине во Охрид ќе одигра два контролни натпревари против Македонија Ѓорче Петров и Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!