ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Тиквеш се засили со Костов од Академија Пандев

Второлигашот Тиквеш од Кавадарци денес се засили со младиот Стефан Костов од Академија Пандев.

Играчот со прволигашко искуство треба да ја пополни стоперската позиција и да биде големо засилување за пролетните предизвици во Втората лига – Исток. Во својата кариера покрај за „пандевци“ има настапувано и за штипска Брегалница и Ренова.

Тиквеш за време на контролни натпревари покажа квалитет и може да се носи со прволигашки екипи, што ќе понуди атрактивен бараж за влез во ПМФЛ. Второлигашот од Кавадарци со 2:3 беше подобар од Беласица, потоа со 4:2 ја победи Плачковица, а со Работнички ремизираше со по еден гол.

Денес Тиквеш ќе одигра контролка со Вардар Неготино на Градскиот стадион во Неготино и ќе може да се следи во ЖИВО на Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!