ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Тиквеш го засили нападот со Спахиу и Костовски

Второлигашот Тиквеш го засили нападот со двајцата репрезентативци на Македонија до 19-години, Едиз Спахиу и Филип Костовски.
Спахиу во Кавадарци доаѓа од второлигашот Гостивар, а во својата кариера има играно и за Вардар Форино и Шкендија.
Костовски доаѓа од прволигашот Силекс, а во својата кариера има настапувано и за Њу Старс и Македонија Ѓорче Петров.
Новите засилувања се очекува да бидат вистинско освежување во нападот на Тиквеш кој преку бараж ќе атакува на промоција во Првата македонска фудбалска лига.
Пред почетокот на пролетниот дел од Втората лига – Исток, како што дознава Спортска Мрежа се очекува во Кавадарци да пристигнат уште неколку квалитетни засилувања за кои се водат преговори.