ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Тетекс побара раскин на договорот со кој Шкендија располага со Градскиот стадионот во Тетово

Второлигашот Тетекс од Тетово достави официјално барање до Државниот Инспекторат за Локална самоуправа за стопирање на одлуката од 2016 година со која Градскиот стадион во Тетово е даден на 35 годишно користење на приватната компанијата „Еколог“ која е генерален финансиер на фудбалскиот прволигаш и актуелн шампион во ПМФЛ Шкендија.

„Проблемите за Градскиот стадион во Тетово продолжуваат, доста е, бараме решение од страна на државните институции во Македонија. Борбата ќе ја продолжиме по секоја цена, нашиот дом односно храм е во Тетово“, стои во реакцијата на „штофарите“

„Бареме од Ваша страна да ни биде итно доставена Одлуката на Светот на Општина Тетово, записникот од извршениот инспекциски надзор и Одлуката за запирање на примената на донесената Одлука“, се вели во барањето на Тетекс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!