ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Тетекс отвара фан-шоп

Второлигашот Тетекс од Тетово ја извести јавноста дека на веб сајтот на фудбалскиот клб наскоро ќе има и официјален фан-шоп кој ќе работи онлајн за сите фанови и симпатизери на клубот во Македонија и странство.

Фан-шопот ќе биде единствено место каде што ексклузивно ќе може да се набави дресот на „штофарите“ како и многу други додатоци и сезонски карти.

Од клубот, исто така, наведуваат дека наскоро следуваат дополнителни информации околу фан-шопот. Тетекс со отварањето на фан-шопот ќе биде единствен второлигаш кој ќе има официјанел фан-шоп.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!