ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Темков, Вареловски, Чаушев и Јанев нови засилувања во Вардар Неготино

Третолигашот Вардар од Неготино утре ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона во Третата лига – Југ. Тренерот Никола Глигоров утре ќе го има првиот собир со фудбалерите.

„Костурот“ на екипата од есенскиот дел останува ист, но засилен со четири фудбалери, а во следните денови ќе бидат официјализирани уште неколку засилувања, со што нивото на клубот ќе биде подигнато.

Третолигашот од Неготино одбраната ја засили со Благој Темков од второлигашот Росоман. 29-годишниот Темков во својата кариера има настапувано за Сирково, Тиквеш, Росоман, Марена и Вардар од Неготино.

Никола Вареловски – Ники го засилува средниот ред на Вардар Неготино. 32-годишниот Вареловски доаѓа исто така од Росоман, а во својата кариера има настапувано за Вардар Неготино, Металург, Тиквеш и Плачковица од Радовиш.

Чаушев Миле во Неготино пристигнува од екипата на Марена. 34-годишниот Чаушев во својата кариера има настапувано за екипите на Тиквеш од Кавадарци, Вардар Неготино и последно Марена.

Вардар Неготино голманската позиција ја засилува со 29-годишниот Јанев Дончо кој доаѓа од екипата на Габер, која по неколку одиграни кола се откажа од натпреварувањето.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!