РакометРакомет - Суперлига

ОФИЦИЈАЛНО: Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер до 2022 година

Еурофарм Пелистер и официјално ја продолжи соработката со својот најдобар ракометар Стипе Мандалиниќ.

Хрватот летото го засили Еурофарм Пелистер и се наметна како лидер во екипата на Жељко Бабиќ. Мандалиниќ одигра 21 натпревар за битолчани, а на Струшкиот турнир беше прогласен за најдобар ракометар.

28-годишниот привремен репрезентативец на Хрватска ќе остане во Битола до јуни 2022 година, а во својата кариера има настапувано за Фуксе Берлин, Загреб, Карловац и Сплит. Со хрватската селекција има освоено бронза на Светското првенство во Шпанија пред седум години.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!