ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Шкупи се засили со репрезентативецот на Руанда, Абдул Ратубуаје

Македонскиот прволигаш Шкупи кој ја одработува втората фаза од подготовките за пролетните предизвици од Првата македонска фудбалска лига, денес и официјално се засили со репрезентативецот на Руанда, Абдул Ратубуаје.

24-годишен среден бек, во Чаир доаѓа од МЛС лигата, односно од екипата на Колорадо Рапидс, а претходно во својата кариера ги бил дел и од Канзас Сити.

Ратубуаје е висок 185 сантиметри и со своите вештини докажа во американскиот шампионат дека е многу корпулетен и силен дефанзивец, а сигурно ќе биде од големо значење за екипата од Чаир во борбата за титулата во домашното првенство.

Новото засилување од Руанда со Шкупи потпиша договор на една и пол година, и ќе се прикличи на екипата која се подготвува во Анталија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!