Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Шампионот на БиХ се раздели со македонскиот играч

Борац од Бања Лука денес ја потврди разделбата со Бобан Георгиев. Македонскиот интернационалец во Борац пристигна од Радник од Сурдулица минатото легно, но не играше премногу.

Забележа 13 настапи, најмногу стартувајќи од клупата, а запиша и една асистенција.

Договорот на Георгиев со актуелниот шампион од Бања Лука истече, а раководството, како и тренерот Марко Максимовиќ, сметаа дека не им е потребен за следната сезона.

23-годишниот крилен играч во својата кариера има настапувано и за Силекс, Брегалница и Металург.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!