Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Серхио Рамос се раздели со Реал Мадрид!

Реал Мадрид вечерва на својата официјална веб-страница објави дека Серхио Рамос ќе го напушти клубот ова лето како слободен агент.

Легендарниот дефанзивец на „кралевите“ и репрезентацијата на Шпанија пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ летото 2005 година за 27 милиони евра од Севиља.

За неговите услуги има заинтересираност од повеќе европски гиганти, како Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ, но исто така, се шпекулира и за негово враќање во Севиља.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!