ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Седлоски се врати на тренерското столче на шампионот Шкупи

Гоце Седлоски е старо-нов тренер на македонскиот шампион Шкупи. Откако Седлоски со Шкуи не успеа да избори место во европските натпреварувања, а потоа запиша реми со прилепска Победа во рамки на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига, стручњакот реши да си поднесе оставка од Шеф на стручен стаб и истата беше прифатена од страна на раководството на клубот.

Меѓутоа, по прифатената оставка на Седлоски, клубот нанажи два големи порази. На мечот против Брегалница во Штип, шампионот го водеше Гокхан Бозкаја и загуби со 2:0, додека пак во Кавадарци против Тиквеш, екипата беше водена од помошникот Тони Мегленски, но и овде Шкупи загуби со високи 3:1.

„Се врати Гоце Седлоски! Драги фанови, сакаме да ве известуваме дека нов главен тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски, додека како негов прв асистент ќе биде клупската легенда Арбен Нухиу. Заедно со нив, на позицијата претседател на клубот се враќа Суат Алија“, стои во соопштението од Шкупи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!