ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Ренова го промовираше Мамаѕаде, Бари доаѓа како позајмен играч во Тетово

Прволигашот Ренова го промовираше Назим Мамаѕаде кој ќе треба да го засили дефанзивниот дел од средниот ред. Азербејџанецот стави потпис на двегодишен договор со „гипсарите“, претходно има настапувано за Нефчи Баку за првиот и вториот тим, а во рамки на овие зимски подготовки беше со екипата на Борец од Велес, но сепак на крај го реализираше трансферот со Ренова.

>>> КОТВА.МК Е ПЛАТФОРМА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ ПОНУДИ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Деснокрилниот фудбалер Мухамаду Соуахиб Бари во следните шест месеци ќе го носи дресот на Ренова. 23-годишниот Сенегалец во Тетово доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на Шкупи, каде не добиваше голема минутажа.

Ренова претходно реализираше неколку трансфер, а во пролетниот дел ќе атакува на излез во Европа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!